Службата за информации е достапна на телефонскиот број 188 и е на располагање на корисниците 24 часа дневно, 7 дена во неделата. Преку овој сервис ќе добиете информации за приватни и деловни корисници.

Со еден повик кон бројот 188 може да се добијат податоци само за еден телефонски број. Повикот кон бројот 188 чини 29,99 денари со вклучен 18% ДДВ.

За да можете да ги користите овие погодности треба да имате телефон со тонско бирање. Во спротивно системот двапати ги повторува инструкциите на Говорната машина, а потоа Ви се јавува оператор да Ви ја достави бараната информација.



 
© Македонски Телеком правна напомена